Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу денеска ќе престојува во официјална посета на Србија, а тогаш би можело да пристигне и првиот дел од испораката на системот за противвоздушна одбрана „Панцир“, јавуваат белградските медиуми.

Според наводите, Србија во минатата година нарачала една батерија од системот „Панцир С1“, а руските медиуми тогаш јавиле дека рокот за првиот дел од испораката е втората половина на февруари. Се наведува и тоа дека во текот на посетата на Шојгу ќе му биде врачен почесен докторат на Универзитетот за одбрана поради придонесот во развојот на соработката меѓу двете земји.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...