Руската амбасада во Македонија денеска на Твитер реагираше дека премиерот Зоран Заев бил погрешно информиран за активностите на протераниот руски дипломат.

„Намерно или не, Зоран Заев е погрешно информиран. Протерувањето на нашиот дипломат беше изненадување. Никогаш не сме добиле никакви предупредувања ниту „докази“ за кои зборува премиерот. И натаму сметаме дека овој чин е неоснован и нанесува штета на руско-македонските односи“, напишаа од амбасадата на Твитер.

Заев во интервју за телевизијата 24 изјави дека протераниот руски дипломат неколку пати бил предупредуван, но и покрај тоа продолжил со вршење активности за кои не бил акредитиран во земјата и дека таквите докази и биле презентирани на руската амбасада.

Loading...

Shpërndaj me