Русија соодветно ќе одговори на можна појава на американски бродови во Црно Море, рече заменикот на претседателскиот Одбор за одбрана на Државната дума на Русија, Јуриј Швиткин, откако агенцијата Си-Ен-Ен, повикувајќи се на сопствени извори соопшти дека САД почнале подготовки за испраќање свои бродови во Црното Море.

„Нам не ни е важно од каде доаѓа агресијата или провокациите, од Украина или од Америка. За нас државната граница е недопирлива. Ќе одговориме на соодветен начин. Навистина не би сакал нашите подморници да испливаат на брегот на Америка“, изјавил Швиткин.

Loading...

Shpërndaj me