Роналдо доживува не толку добра врска со тренерот Маурицио Сари, на кого се пожали по две последователни замени во Лигата на шампионите и во италијанскиот шампионат.

Според извештаите од „Елдесмарке“, португалската ѕвезда бара да ја продолжи кариерата во ПСЖ, клуб кој веќе оствари контакт со менаџерот Хорхе Мендес.

Како што коментира весникот, ова не е единствениот мотив Роналдо да си замине од Јувентус. Амбициите на Португалецот се да освои уште еден трофеј во друга лига, како што е Француската.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...