Сите ги знаеме оние телевизиски серии и сцени каде што главниот лик се вљубува во колегата од работа или шефот и имаат прекрасна романса, но дали ова функционира на истиот начин и во реалниот живот?

Проблемите на кои што може да наидете се очигледни, но исто така и бенефициите кои може да ги добиете.
Доколку сте се прашувале или сте се нашле во ваква ситуациија, а не сте знаеле како да реагирате опуштете се, ова се случува постојано и многу почесто отколку што може да замислите.
Денес луѓето поминуваат многу повеќе време на работното место отколку дома, со тоа се принудени да ги запознаат поодбро своите колеги, да воспоставаат добри односи, а исто така да се дружат и надвор од работното време.
Според статистиките спроведени од CareerBuilder.com, вклучувајќи 8.000 вработени лица се покажа дека 4 од 10 вработени имаат искусено љубовна романса на работното место додека пак, 17% го повториле тоа два пати.
Статистиките покажуваат дека најмалку 3 од 10 вакви романси завршуваат со брак. Ова всушност покажува дека луѓето кои работаат на исто место делат многу заеднички интереси и многу полесно може да се поврзат. Со какви ситуации може да се соочите прочитајте подолу.

Кои работни позиции најчесто водат до ромaнса?

Според CareerBuilder.com, најчесто работните места кои подлежат на постојана комуникација со луѓе, индустријата на угостителството или статичната работа со клиенти се места каде постои најголема можност за љубовна романса. Следните работни места се IT сервисот, финансиите и здравството.
Статистиките пак од страна на Huffington Post, покажуваат дека 8.3% од уметниците остваруваат љубовна врска со колеги од работа, 8.1% готвачи и 6.4% припадна на мајсторите.
Ако припаѓате на било кои од набројаните групи држете ги очите отворени, никогаш не се знае на кого ќе налетате.

Романса со шефот?
Ова нека не ве чуди воопшто. Дури 29% од луѓето се изјасниле дека биле во врска со некој што е на повисока позиција од нив додека, 16% биле со нивниот шеф. Постои нешто во моќта на позицијата, што ги привлекува жените повеќе од мажите, покажаа статиските на CareerBuilder. Но, колку што може ова да биде интересно толку може и да ви нанесе штета на работното место. Познати ви се озборувањата и љубомората на кои секојдневно може да наидете. А замислете пак да се работи за љубов!

Што ако тој/таа е вистинската?

Во повеќето компании љубовната врска не е нешто забрането. На крај, тоа може да се покаже и како вистинска љубов. Одлично е кога партнерите може да работат заедно дури и кога станува збор за проект или тимска работа на работно место. На тој начин откривате повеќе за личноста како во приватниот живот така и професионално. Можноста да го запознаете партнерот во секое светло е одлична, а притоа правецот на разvивање на ваквите врски достигаат ниво на голем интелект и меѓусебна почит што всушност многу врски никогаш не го достигнуваат тоа ниво.

Какви проблеми може да се очекуваат?

Озборувањата во сите компании се исти. Без разлика дали вие сте тема на разговор или пак некој друг имајте на ум дека ништо не поминува незабележано. Љубомората на која ќе наидете може да ве изненади особено ако е од личности кои сте ги сметале за блиски. Но, едноставно вршете си ја вашата работа и онака луѓето озборуваат.

Што ако врската заврши?

Ова е незгодна ситуација, но мора сè да земете во предвид доколку се одлучите да започнете љубовна врска на работното место. Без разлика колку сте биле заљубени и колку сте биле блиски, можноста за да прекине врската секогаш постои. Ова не треба да ви претставува пречка или да ви предизвика страв, едноставно ако дојде до ваква ситуација бидете храбри и надминетe го тоа.
Ваквите љубовни врски може да се ризични особено поради фактот што работите на исто работно место и се проследени со многу озборувања, но запомнете: секое чудо трае три дена.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...