Директорот на руската агенција за вселенски истражувања, „Роскомос“ Дмитри Рогозин изјавил дека продолжената руска мисија на Месечината ќе има за задача и да провери дали Американците навистина слетале први на тоа место.

„Си поставивме цел да одлетаме таму и да утврдиме дали тие биле таму или не“…, рекол Рогозин.

Рогозин ова го навел во одговорот на прашањето дали НАСА навистина слетала на Месечината пред 50 години, пренесува порталот на американскиот весник Њујорк тајмс, со напомена дека Рогозин ова го рекол во шега.

Инаку, Советскиот Сојуз на средината на седумдесетите години, се откажал од сопствената лунарна програма, откако четири експриментални ракети експлодирале.

Loading...

Shpërndaj me