Научниците од Универзитетот Рутгерс развиле роботи кои служат за помош при вадење на крв и нејзина анализа. За ваквите потрби денес се потребни повеќе медицински лица.

Новиот роботски уред за вадење на крв и аализа на крвните примероци од пациентите се состои од три подсистеми.

Првиот уред потребе за процесот вадење на крв користи инфрацрвена светлина и ултразвучна слика за лоцирање на вените. Потоа, после компјутерската анализа создава тродимензионална слика на кардиоваскуларниот систем.

потоа, минијатурната роботска ракапоставува игла во средината на назначената вена. Откако ќе земе примерок од крв, се преместува во процес на анализирање. Овој дел од системот овозможувамерење со помош на вградени минијатурни центрифуги и микроскопи. Моментално може да изведе троделен диференцијал на белите крвни зрнца и мерење на хемоглобинот.

“Дијагностичките тестови на крвта се најчести медицински прегледи во светот и претставуваат камен темелник на модерната медицина”, вели д-р Макс Балтер, кој го предводи истражувањето.

“Се проценува дека само во Соединетите Американски Држави, се земаат повеќе од две милијарди примероци на крв. Резултатите од овие тестови влијаат на околу 80% од медицинските одлуки во болниците и примарната здравствена заштита. Нашиот тим има развиено уред кој овозможува тестирање и дијагностички резултати на целосно автоматизиран начин. Со заштеда на време, уредот има способност да го забрза работниот тек, поради што медицинскиот персонал може да посвети повеќе време на пациентите”, заклучува Балтер.

За сега, овој роботски уред е тестиран само на вештачки раце за да докаже дека работи ефективно. Следниот чекор е да се процени безбедноста на уредите за венпунктура за помали студии. Ова ќе му овозможи на тимот да ги процени деталите, дизајнот и употребливоста на уредот.

Студијата е објавена во списанието Technology.

Извор: енаука.мк

Shpërndaj me