Ѕвездата од Барбадос, пејачката Ријана за магазинот “Esquire” го откри рецептот за нејзиниот омилен оброк. Станува збор за протеинска салата во која главната состојка е леблебијата која е одличен извор на протеини и растителни влакна.

Потребни состојки за една порција:

100 грама варена леблебија
½ краставица
½ свеж домат
2 парчиња кромид
1 лажица маслиново масло
сол и бибер по желба
лист босилек за декорација

Подготовка

1. Пред варењето, оставете ја леблебијата да отстои неколку часа во вода.

2. Сите состојки исецкајте ги ситно и измешајте ги со варената леблебија.

3. Додадете сол и бибер по вкус и една лажица маслиново масло.

 

Shpërndaj me