Американскиот амбасадор во Берлин, Ричард Гренел ќе ги посети Приштина и Белград оваа недела, потврди Амбасадата за Радио Слободна Европа (РСЕ).

Засега, потрдено е во Приштина дека Гренел, кој е исто така специјален претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за мировните преговори меѓу Косово и Србија, в четврток ќе се сретне со косовскиот претседател Хашим Тачи, пишува РСЕ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека ќе се состане со Гренел в петок наутро во Белград. Вучиќ за РТС од Давос изјави дека САД се подготвени да ги слушнат барањата на Белград и проблемите во врска со Косово.

Гренел ќе ги посети Косово и Србија неколку дена откако тој посредуваше за договорот меѓу двете страни со германската компанија Луфтханза за авиолинија Приштина-Белград.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...