Кратење на периодот во кој извршителите ќе ги добиваат предметите од судовите и ограничување на висината на каматите, се мерките кои се разгледуваат од страна на Министерството за правда и организацијата „Стоп за извршители“, а во врска со забелешките за премногу високи каматни долгови од должниците кон извршителите. Во вечерашното гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат, заменик министерот за правда, Оливер Ристовски, рече дека евентуалните законски промени нема да може да се однесуваат на стари предмети, туку за оние коишто ќе се процесуираат по донесување на законските промени.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...