Генералниот секретар на партијата Алтернатива, Скендер Реџепи – Зејд, во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат оцени дека воведувањето на една изборна единица на целата територија има свои предности, но и слабости.

„Предност е што им се дава можност на сите граѓани на државно ниво да им се признае гласот, се дава можноста тие 200 илјади фиктивни гласачи, за кои велевме дека постојат во изборните единици 3,4,5 и кои фигурираат, да се бришат и веќе нема да постојат. Има опасност дека македонските партии може да се договорат во источна Македонија да ги полнат кутиите и не знам какви други опасности. Но, исто така сметам дека одѕивот на Албанците, се претставува дека е мал, што сметам дека до сега била вина на албанските политички партии во Влада, во главно вина на ДУИ, која не успеа да ги мотивира граѓаните да има поголема излезност“, вели Зејд.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...