Лондон е град каде можат да се сретнат многу различности во различни области од животот.  Токму во овој светски град постои уникатен ресторан, Dans le Noir?  каде персоналот е составен од слепи лица.

Штом влезете таму, ви ставаат превез на очите и вие веќе сте во целосна темнина.

Јадете во целосна темнина, уникатно искуство кое ќе го промени целиот поглед кон животот и ќе добиете сосема нова перспектива.

Тука ќе морате целосно да се потпрете на чувството на мирис и вкус и ќе отвори една сосема нова димензија кај вас. Внатре атмосферата е посебна, а за да се опише ќе мора да се доживее.

Се препорачува гостите да бидат 15 минути порано пред резервацијата, за да можат да уживаат во коктел и да им биде претставен целиот концепт на “вечера во темнина” каде ќе им се објасни целиот концепт на процесот на нарачка.

Изборот се сведува на 3 мениа:

Бело: Изненадување од главниот готвач – егзотично и несекојдневно

Црвено: Месо мени

Зелено: Вегетаријанско мени

Едно од најуникатните искуства кои некогаш ќе ги доживеете и не само тоа, ќе сакате да ги повторите.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...