Повеќето луѓе кога го реновираат домот или кога уредуваат сосема празен стан, огромно внимание посветуваат на кујната. Сакале или не, тоа е едно од оние места каде што минувате многу време во текот на денот. И затоа сакате да биде пријатно катче.

Освен што кујната треба да биде визуелно убава, таа мора да е и функционална. Кујната е, местото каде што се создава „аромата“ во домот. Но, нејзиното уредување може да биде вистински проблем.

Првиот проблем со кој се соочувате е дали да купите готова кујна или да ви ја изработат по мерка. Секако, и едното и другото имаат свои предности. Пред да почнете да ја уредувате, решете дали ќе биде тоа место каде што ќе готвите, ќе јадете или само ќе ја чувате храната.

Потоа направете листа на сите предности и мани што ги имаат и едниот и другиот тип.

Готовата кујна чини поевтино од кујната направена по мерка. Но, во најголемиот број случаи таа нема да е со врвна изработка, туку просечна. Па ако не планирате да минувате долго време во кујната, готовата кујна е вистински избор за вас.

Готовата кујна можеби нема да се вклопи целосно во димензиите на вашиот дом, па ќе треба да преместувате некои делови или да „пополнувате дупки“.

Но, позитивно е тоа што готовата кујна ја гледате пред себе, знаете што добивате, можете да замените некои ситници ако постои таква опција и ќе ја добиете за кусо време.

Кујната по мерка е одлично решение ако имате визија како сакате да изгледа кујната, како да се вклопат елементите за вам да ви биде најлесно да се движите во неа, најлесно да стигнете од една до друга страна, да ги поставите елементите според сопствените желби.

Ако одберете кујна по мерка и притоа решите да биде изработена од високо квалитетен материјал, веројатноста е дека ќе можете да ја користите и повеќе од 20 години, секако, со вистинско одржување. Но, 3Д нацртите што ќе ги видите не се секогаш веродостоен приказ на тоа што ќе го добиете, а постои и можност да добиете кујна која што е искривена, нерамна, покуса-подолга на одредени вратнички и да се разочарате од изработката, бидејќи не секој мајстор е добар мајстор. Притоа, рачно изработените кујни по мерка се чекаат подолго, а чинат повеќе.

Ако сепак решите да направите кујна по мерка, не плашете се да експериментирате. Комбинирајте, „играјте“ и менувајте, додека да го добиете тоа што го сакате. Дури потоа дајте зелено светло за да почнат да ви ја изработуваат кујната по мерка.

И запомнете – за која опција и да се решите, кујната нека биде нешто што ќе ве одразува вас и вашиот стил.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...