Реконструкцијата на „Бит Пазар“ се одолговлекува. Досега завршено е само реновирањето на секторите 7 и 8. Доцнењето на работите се повеќе ги иритира продавачите. Ова удира директно по нивниот џеб, бидејќи велат дека од почетокот на работите изгубиле многу муштерии. Тие повикуваат на забрзување на работите.

„Немаме работа, многу се одолговлекува. Се започна наводно за шест месеци, а се одолговлекува веќе година и пол“, вели Рустем Сулејмани – трговец.

„Работата многу ни се намали. И луѓето бегаат, немаме работа. Колку побрзо се направи, толку подобро е за нас, но и за сопственикот на пазарот е подобро“, рече Јахи Пајазити – трговец.

Претседателот на Трговската комора вели дека сопственикот на „Бит Пазар“, „Скопски пазар“ го прекршил секој даден рок. Според него, ветувањата беа дека во рок од една година по добивањето на градежната дозвола што се случи во март минатата година, да завршат работите и пазарот да се врати во нормала.

Акционерското друштво „Скопски Пазар“ во чија сопственост е Бит Пазар, не сакаат да одговорат на прашањето кога планираат да завршат со градежните работи, која е причината за застојот и дали е вистина дека дале рок од 14 месеци за завршување. Од општина Чаир велат дека побарале од „Скопски Пазар“ извештај за динамиката на работите. Според општината, инвеститорот „Скопски Пазар“ го занемарува ветувањето дадено пред трговците.

ОПШТИНА ЧАИР:

„Општина Чаир и покрај ограниченото делување од Член 68 од Законот за градење, во врска со рокот за реализирање на градежните работи по давањето на дозволата, побара од инвеститорот извештај околу динамиката на работата и забрзување на истите бидејќи проектот е многу важен за пазарџиите и граѓаните кои гравитираат во оваа зона“.

Инаку, реновирањето на „Бит Пазар“ е ветување од 2010 година. Често се употребуваше како јадица во политичките кампањи. Проектот предвидува подобри хигиенски услови за продавачите. Тие се радуваат што пазарот ќе биде затворен и во текот на зимските денови нема да имаат проблем со продажба на продуктите. Исто така, се предвидува да се реши проблемот на паркингот бидејќи над пазарот, се предвидуваат 230 места за автомобили.

Бесиан Лека

Loading...

Shpërndaj me

Loading...