Фудбалерите на Манчестер Сити и Тотенхем вечерва одиграа нерешено 2:2 во дерби натпреварот од второто коло на Премиер лигата.

Двата тима по овој меч имаат по четири бодови.

Сити поведе во 20. минута со голот на Рахим Стерлинг, на асистенција од Кевин де Брујне, но само три минути подоцна изедначување за Тотенхем донесе Ерик Ламела.

По уште една асистенција од де Бруне, Серхио Агуеро, во 35 минута донесе нова предност на Сити, за да во 56 минута, резултатот, на 2:2 го изедначи Лукас Моура.

Габриел Жезус во 92 минута третпат на мечот донесе предност за Сити, но судијата Мајкл Оливер го поништи погодокот по консултација со ВАР технологијата, која покажа дека Лапорт играл со рака.

Во следното коло фудбалерите на Сити гостуваат кај Борнмут, а Тотенхем го дочекува Њукасл.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...