Рекордна количина марихуана е запленета на граничниот премин Карасовиќ, помеѓу Хрватска и Црна Гора. Станува збор за повеќе од 340 килограми марихуана, спакувана во вреќи и товарена во автобус со дубровнички регистарски таблички, сопственост на туристичка агенција од Дубровник.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, приведен е возачот на автобусот, 49 годишен маж од Дубровник, кој на граничната полиција ѝ рекол дека превезува спортска опрема.

Дрогата била спакувана во 21 вреќа, со по 40 пакетчиња. Се проценува дека на црните пазари оваа количина марихуана достигнува продажна вредност од околу 2 милиони евра.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...