Нов обвинител на СЈО повикан да даде исказ во Обвинителството за организиран криминал за случајот „Рекет“. По Елизабета Јосифовска и Лиле Стефанова, сега со Вилма Рускоска следен ќе треба да се соочи Бурим Рустеми. Тој е повикан, но поради утрешното судење за „ТНТ“ сè уште не е прецизирано точно време. Обвинителството пак, денеска информираше дека истрагата за „Рекет“ тече по утврден план.

ОЈО:

„Во тек е финансиска истрага во повеќе насоки и прибирање на доказен материјал што ќе помогне во утврдувањето на фактичката состојба. Воедно, дел од одземените електронски уреди се вештачат, а за дел се прават напори за декриптирање на пронајдените содржини.“

Премиерот Зоран Заев во интервју за државната МИА порача, дека одговорност мора да има и за оние кои се претставуваат како жртви во „Рекет“.

„Одговорност мора да има и за осмислувачите и за сите оние кои прават сè да се спасат и при тоа се претставуваат како жртви“, вели Заев.

Опозицијата и денеска обвини дека во „Рекет“ вмешан е и премиерот.

„…Додека Заев се заканува кон граѓаните, Катица Јанева сè уште не е повикана на распит во обвинителството и е на слобода наместо во притвор“, рече Димче Арсовски, ВМРО – ДПМНЕ.

Осомничени во „Рекет“ се Боки 13 и Зоран Кичеец. Изнудиле од бизнисменот Орце Камчев, 1,5 милиони евра и му ветиле дека имаат влијание во СЈО да ја запрат истрагата за перење пари против него. Италијанскиот десничарски весник „Ла Верита“ објави аудио-материјал каде се слуша и Катица Јанева како го смирува Орце Камчев дека „Империја“ е под контрола. Јанева не негираше дека разговарале, но тврди дека не е дел од рекет шемата на Боки 13.

Бојан Стојановски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...