Јас од месец септември 2018-та година до некаде 10 април 2019-та сум постојано уценуван од група на луѓе кои од мене изнудија голема сума на парични средства. Вака почнува сведочењето на бизнисменот Јордан Камчев пред обвинителката Вилма Рускоска за случајот „Рекет“, кое може да се прочита од записникот кој го објави порталот „Инфомакс“. До крајот на страницата, Камчев раскажува и како Боки 13 му нудел проекти а тој одбивал да ги финансира бидејќи биле неисплатливи а и веќе знаел дека на сличен начин биле измамени други бизнисмени.

Објавувањето на документот наиде на осуда од јавното обвинителство и најави дека истражува како „протекол“ документот.

Обвинителството нема да ги коментира информациите изнесени во јавноста, но ќе потенцира дека откривањето на доверливи информации од страна на поединци претставува опасност и штета за севкупниот општествен систем и е кривично дело. Со протекување на ваков вид документи се повредува пресумпцијата на невиност, се загрозуваат животи на инволвираните лица и воопшто сe отежнува текот на постапката – велат од Јавното обвинителство на РСМ.

Но, освен објавената една страница од документот, порталот „Инфомакс“ а потоа и други електронски медиуми тврдат дека Камчев во сведочењето ги инкриминирал премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, министерот за надворешни работи Никола Димитров и други функционери. Тоа не може да се прочита и провери од едната објавена страница.
Официјално, од обвинителството за организиран криминал ја потврдија само веродостојноста на првата страница, која е објавена, но не и на остатокот од наводите во дел од медиумските написи.

Обвинителката Русковска ја потврдува веродостојноста на сликата од објавениот записник. Останатите заклучоци и коментари на авторот, како што веќе беше истакнато во соопштението на обвинителството, нема да ги коментира. Оригиналните списи од предметот ги поседува само обвинителството а копија од нив беше доставена до надлежниот суд – велат од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал.

Неофицијални, добро упатен извор за Алсат од јавното обвинителството ни потврди дека дел од објавеното во медимите го нема во сведочењето на Камчев, односно дека „ниту ги има во записникот, ниту пак произлегуваат од содржината на записникот“. Обвинителството веќе има почетно сознанија од каде „протекол“ документот, бидејќи тој спис бил „залепен на предмет“.

Реакција од обвинителството побара и премиерот Зоран Заев кој најави тужби против медиумите, поради, како што ги нарече- манипулациите.

Јас како што видов и прочитав рано наутро, дека има една страна од еден записник објавено и после тоа се прераскажува коешто претставува навистина сериозна манипулација. Јас сакам секогаш да ги охрабрам новинарите да истражуваат, секојпат да доловат се што е важно за јавноста. Но, да прават манипулации, секако за тоа има одговорност – изјави Зоран Заев- премиер.

Барање за извинување и повлекување на текстовите јавно упати министерот за надворешни работи Никола Димитров. Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска најави тужби затоа што, како што вели, реакциите до нив се непотребни и залудни.

Алсат

Loading...

Shpërndaj me

Loading...