Во последниве години цената на еден барел нафта се движеше од 40 во 2015 до речиси 70 долари на почетокот на годинава , а цената за граѓаните од тогаш до денес се зголемени за повеќе од 15 денари. Најголем удел и тоа од 60 до 70 отсто во формирањето на цената има курсот на доларот, потоа цената на барелот на лондонската берза кој учествува со околу 40 отсто.

14.12. 2015

ЕДЕН БАРЕЛ НАФТА 40 ДОЛАРИ

ЕДЕН ДОЛАР ЧИНЕЛ 57 ДЕНАРИ

МАЛОПРОДАЖНА ЦЕНА НА ДИЗЕЛ ГОРИВОТО 46,5 ДЕНАРИ ЗА ЛИТАР

27.112017

ЕДЕН БАРЕЛ НАФТА 62 ДОЛАРИ

ЕДЕН ДОЛАР ЧИНЕЛ 52 ДЕНАРИ

МАЛОПТРОДАЖНА ЦЕНА НА ДИЗЕЛ ГОРИВО 54 ДЕНАРИ ЗА ЛИТАР

23.1.2018

ЕДЕН БАРЕЛ НАФТА 69,5 ДОЛАРИ

ЕДЕН ДОЛАР ЧИНЕЛ 50,6 ДЕНАРИ

МАЛОПРОДАЖБА НА ДИЗЕЛ ГОРИВО 60,5 ЗА ЛИТАР

26.11.2018

ЕДЕН БАРЕЛ НАФТА 63,7 ДОЛАРИ

ЕДЕН ДОЛАР ЧИНЕЛ 54,2 ДЕНАРИ

МАЛОПРОДАЖНА ЦЕНА НА ДИЗЕЛ ГОРИВО 61 ДЕНАР ЗА ЛИТАР

Согласно методологијата која ние ја применуваме, има два најбитни елементи. Тоа се курсот на доларот кој е важечки во мементот кога ја утврдуваме цената, како цената на барелот на берзата во Лондон. За жал Македонија не може никако да влијае на овие случувања“, рече Марко Бислимовски -претседател на РКЕ.

Во јули идната година истекува законската обврска за актуелната методологија со која се пресметува цената на нафтата и дериватите. Две опции се во игра, да се направи сосема нов начин на пресметка на цената за малопродажбата, или да се либерализира пазарот на нафтата и дериватите во земјава. Бислимовски предупредува, земјите од регионот кои имаат слободен пазар на нафта, имаат и повисоки цени од оние во земјава.

Јас сум приврзаник на првата опција, да направиме нова методологија, со цел да дадеме шанса да видиме како би функционирал пазарот, а потоа да одиме чекор по чекор и да воведеме либерализација на пазарот со нафтени деривати со 100 проценти“, додава Бислимовски.

Како една од опциите за долго трајно решение, за поевтини деривати е повторно да се стави во функција нафтоводот Скопје – Солун.

Пресметките велат дека во тој случај дизелот драстично ќе поевтини бидејќи според сегашната методологија за транспорт во цистерни на ова гориво се пресметува трошок од 27 долари за тон. Промена на методот на пресметка на цените на дериватите поддржуваат и двете водечки компании за дистрибуција на нафта и нафтени производи кај нас, односно Макпетрол и ОКТА кои сметаат дека сегашниот начин е застарен и треба да се смени.

Loading...

Shpërndaj me