Регулаторната комисија за енергетика од Владата ќе побара да им ги одземе ингеренциите на општините за формирање на цената на водата за пиење. Оваа институција и сега е дел од процесот, но само во одредување на минимална и максимална цена, а потоа главниот збор го имаат советите на општините. Регулаторот вели на овој начин ќе се скратат административните процедури бидејќи советите најчесто се одлучувале да ја усвојат најниската цена која е предложена. Со овој потег на Регулаторна минимално би се зголемил месечниот трошок на граѓаните за вода.

„Не треба да се очекува зголемување на цената за граѓаните. Тие зголемувања би биле минимални, зборувам за десет до дваесет денари на сметка на месечно ниво. Или на годишно ниво тоа е некаде околу 240 денари. Сметам дека ниту едно домаќинство за зголемен трошок за дваесетина денари нема да се почувствува“, рече Марко Бислимовски претседател на РКЕ.

Целта за оваа иницијатива, како што вели Бислимовски е водоводните претпријатија да работат поефикасно, да ги намалуваат натрупаните долгови, а на тој начин на подолг рок ќе се овозможи да се намали цената за потрошувачите. Дополнително, да се очекуваат и инвестиции во водоводната инфраструктура која според РКЕ е веќе дотраена.

„Да не се доведеме во ситуација, заради не инвестирање во водоводната инфраструктура граѓаните да се случува да имаат делови од денот кога немаат водоснабдување. Па тогаш кога ќе одат да купат едно шише вода толку ќе ги чини. Многу повеќе ќе ги чини тоа отколку зголемување на трошокот на месечно ниво. Мислам дека од сите граѓани на нашата држава ова ќе биде прифатено“, додава Бислимовски.

Едно четири члено семејство во просек месечно троши околу десет кубика вода, вели за Алсат Бислимовски. Тоа во просек чини околу триста денари, без давачките за комунален отпад. Инаку речиси секоја општина во земјава има и свое водоводно и комунално јавно претпријатие. Или тие на број се некаде околу 80 компании. Добар дел се и мали претпријатија со по неколку вработени или се во склоп и на погребалните служби. Градот Скопје има најевтина вода за пиење бидејќи има изворска вода. Градовите со пречистителни станици како Струмица, Прилеп, Кочани кои имаат и трошоци и за струја плаќаат најскапа вода во земјава.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...