Регулаторната комисија за енергетика го усвои новиот ценовник за нафтени деривати, со кој се пресметуваат и малопродажните цени на горивата. Со новата одлука од ноќеска на полноќ бензинот СУПЕР 95 ќе се продава поевтино за половина денар во однос на минатонеделните цени и ќе чини 66,50 ден./лит. Цената на СУПЕР 98 не се менува и во следните седум дена ќе чини 69,00 ден./лит. Дизел горивото послапува за половина денар и ќе се продава по цена од 61,50 ден./лит.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...