Градоначалникот Мерко се луксузира со ново „ауди а6“, а нашите деца треба да учат во оваа штала, велат родителите на децата кои и оваа учебна година настава ќе треба да ја следат во стариот објект на Основното училиште Браќа Миладиновци во Струга. Новиот објект кој е донација на турската општина Бујикчемеџи се уште не е готов, а почна да се гради во летото 2015 година. Тие велат дека се подготвени да ја бојкотираат наставата и да не ги пуштаат децата на училиште.

„И покрај тоа што општината излезе со изјава на 19 јули дека работите ќе финишираат до 25 август и дека децата ќе почнат со настава во новиот објект, од сето тоа нема ништо. Останува децата и понатаму да учат во ова училиште кое е куќа на стравот и ужасот“, реагира еден родител.

Во овој објект кој е изграден пред првата светска војна,и при најмал дожд прокапува во училниците на вториот кат, а по ходнициге има влага. Подот во зградата е во лоша сосотјба, исто како и скалите кои водат кон вториот кат. Просториите и понатаму се греат на ќумбиња.

„Какво верување. Градоначалникот досега многу ветува, но ништо нема направено во тој поглед. Секоја година лаже дека ќе го пушти новото училиште во употреба. За мала работа, за малку не е довршен, а се фрлаат пари за возила и глупости“…

„Ни ветуваа дека новото училиште ќе биде готово уште во јануари месец. Еве и септември дојде, а цела зима децата се грееја со водени дрва. Сите беа болни“…

„Имаше ситуации кога родителите од дома носеа дрва за да можат да се греат децата во зимскиот период. Неколку пати имаше и зарази.Се појави и шуга, што е недозволиво во 21 век да се појави таква болест. Се појавија и вошки од таа нечистотија во самиот објект“, реагираат родителите.

Директорката уверува дека до крајот на септември објектот кој се гради ќе биде ставен во функција.

„Целата работа се пролонгира поради турците,бидејки не беше донесен залучок да се заврши работата. И се чекаше да помине празникот Бајрам, за да дојдат турците. Градоначлникот ни има ветено дека до крајот на септември оваа работа ќе се заврши бидејки приоритени се учениците“, вели Лаура Шапе директор на Бараќа Миладиновци.

Инаку, посебна комисија која ја формираше општината уште во 2014 година утврди дека во ова училиште нема ниту минимални услови за настава.

Мики Трајковски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...