Дирекцијата за технолошки индустриски и развојни зони распиша тендер преку кој бара ревизорска куќа која ќе ја чешла работата на оваа институција за 2017 година. Вредноста на тендерот е 11 илјади евра, а ревизијата треба да утврди дали постојат евентуални пропусти во исплатата на државна помош за фирмите кои се активни во слободните економски зоните низ земјава.

Дополнително ревизорите треба да дадат мислење дали спроведените јавни набавки се согласно законските прописи, а ќе се проверуваат сите тендерски постапки за ланската година.

Shpërndaj me

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com