Повеќе пари за Владата, а помалку за Собранието. Ова се предвидува со новиот ребаланс на буџетот. На прашањето за што се наменети и како ќе се трошат 32 милиони евра повеќе во буџетот на Владата, вицепремиерот Кочо Анѓушев денеска остана без одговор.

„Да почекаме министерката и нејзината заменичка се на комисиите во Парламентот, да почекаме да се заврши носењето на ребалансот на буџет додека Парламетот не го донесе тој не е донесен, па покасно и за тоа би дискутирале“, рече Кочо Анѓушев вицепремиер задолжен за економски прашања.

Според планираното, наместо актуелните 64 милиони евра, буџетот на Владата би се зголемил на дури 96 милиони. Истовремено се крати еден милион евра, пари планирани за Собранието. Наместо 9,6 милиони, за потребите на законодавниот дом сега се планираат 8,6 милиони. Во меѓувреме, за јавноста сè уште останува тајна висината на минималната плата и кога таа ќе биде покачена. Вицепремиерот повтори дека сè уште траат преговорите со стопанските комори и синдикатите и оти – како што рече – нема да се донесе избразана одлука. Комисиската расправа за ребалансот продолжува и следната недела.

Андреа Чобанова

Loading...

Shpërndaj me

Loading...