Најдоцна до октомври ќе има ребаланс на буџетот. Заменик-министерката за финансии Ширете Елези оцени дека од тоа ќе придобијат општините кои сè уште се во долгови.

Се прави проценка на сите чекори во делот на трошоците и приходите. Сега сме во фаза на анализа во овој дел. Ребалансот на буџетот ќе започне најдоцна во последната недела на септември или почетокот на октомври – изјави Ширете Елези, заменик министер за финансии.

Ребалансот Елези го најави за време на средбата со неколку градоначалници кои потпишаа меморандуми за обезбедување на 165 милиони денари од Светската банка. Тетово ќе ги искористи позајмените средства за булеварот Видое Смилевски-Бато, додека Гази Баба за снабдување со вода за пиење во населените места.

Тоа е продолжение на Индустрискиот Булевар. Секој што го знае сообраќајот во Тетово е свесен дека страничниот булевар и неговото проширување ќе значи намалување на сообраќајот – рече Теута Арифи, градоначалник на Општина Тетово.

Како дел од Проектот за подобрување на комуналните услуги, 9 општини добија неповратни грантови од 28 милиони денари, додека други три добија заеми во вкупен износ од 138 милиони денари.

Аднан Ќаили

Loading...

Shpërndaj me

Loading...