Фудбалерите на Реал Мадрид, актуелен шампион во Лигата на шампионите, во осминафиналето од тоа натпреварување ќе играат против Ајакс, додека Ливерпул се среќава со Баерн Минхен, одлучи денешната жрепка во Нион.

Внимание привлекуваат и соочувањата меѓу Атлетико Мадрид и Јувентус, Тотенхем – Борусија Дортмунд и Парис Сент Жермен – Манчестер Јунајтед.

Првите натпревари од осминафиналето се играат на 12 и 13, односно на 19 и 20 февруари, а реваншите на 5 и 6, односно на 12 и 13 март.

Останатите мечеви се Шалке – Манчестер Сити, Лион – Барселона и Рома – Порто.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...