Реал Мадрид и покрај најлошата сезона во последниве десет години ќе потпише договор со германскиот производител на спортска опрема „Адидас“, тежок 1,6 милијарди евра. Договорот е за период од 12 години во кој Кралскиот клуб се обврзува да ги носи производите на германскиот гигант. За возврат клубот ќе добива 120 милиони евра годишно. Меѓутоа, покрај овие загарантирани пари договорот овозможува и други поволности. Клубот од Мадрид од „Адидас“ ќе добива и по 20 проценти од секој продаден сувенир кој на себе ќе ги има трите заштитни линии на германскиот бренд.

Loading...

Shpërndaj me



Loading...