Рафа и Роџер се двете главни причини што не ја губам формата и играм на ова ниво, изјави Новак Ѓоковиќ по вчерашната победа на „Вимблдон“.

Како што кажа Ѓоковиќ, посебно го инспирира неговиот ривал во финалето, Роџер Федерер кој со своите 37 години за време на вчерашното петчасовно финале имаше две меч топки.

„Овие две момчиња се една од главните причини и досега да играм на ова ниво. Фактот дека тие напишаа историја во тенисот исто ме мотивира, ме инспирира да се трудам да го повторам она што тие го имаат постигнато и дури и повеќе. Дали ќе го сторам тоа, не знам“, изјави Ѓоковиќ.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...