Не стивнуваат реакциите кај бинис-заедницата од новите даночни реформи кои викендот ги најави владата. Бизнисмените на нож го дочекаа прогресивниот данок како замена за досегашниот рамен данок од 10%. Иако Владата ја подигна првичната граница за дополнително оданочување од 1.000 на 1.500 евра, стопанствениците велат дека мерката е избрзана и оти треба да се одложи за пет години. Според бизнисмените, со прогресивниот данок не се опфатени оние кои имаат најголем профит, а тоа се странските инвеститори. Новиот данок најмногу ќе удри врз средната класа, а ефектот којшто ќе го има врз буџетот ќе биде многу мал.

„…Средната класа којашто успеала да дојде до некој стандард на подобар живот на некои 100 до 120 илјади денари во текот на годината, тоа се интелектуалци, уметници, професори на факултет, класа која најмногу ни фали и имаме постојан одлив од Македонија…“ изјавува, Горан Рафајловски, бизнисмен

Реагираа денеска и од најголемата Стопанска комора. За утре закажале вонреден управен одбор, па ќе излезат со конечен став. Сепак стојат на барањето-даночната реформа да се одложи.

„Не треба да се избрзува со воведување на вакви мерки имајќи во предвид дека прописите за проценка на влијанието на регулативата предвидуваат точни рокови и дејствија кои треба да бидат преземени за спроведување на консултации со сите засегнати страни…“ изјави,  Татјана Штерјова, Стопанска комора

Даночната реформа предвидува прогресивен данок од 18 проценти на приходи над 90 илјади месечно или над 1.080.000 денари годишно. Тука се опфатени плати, пензии, договори за дело, доход од авторски права, доход од самостојна дејност. Со 15% ќе се даночат капиталните добивки односно закуп и подзакуп, дивиденди, капитални добивки, добивки од игри на среќа. Со новата регулатива се воведува и оданочување на капиталните добивки од хартии од вредност и на каматите од орочени депозити со стапка од 15 отсто, со одложена примена од почетокот на 2020 година, над доход од 250 евра годишно. Бизнисмените тврдат дека ако Владата  работела на намалување на сивата економија, наместо да воведува прогресивен данок, тогаш во буџетот ќе влегле од 200 до 300 милиони евра.

Александра Спасевска

 

Loading...

Shpërndaj me