Регулаторната седница за енергетика на денешната седница разгледуваше барања за четири лиценци за производство на електрична енергија од сонцето. Три од четирите барања за лиценци се без користење на повластена тарифа и произведената струја ќе ја продаваат на слободниот пазар – и една мала хидроелектрана која има право за користење вода добиено од тендерска постапка.

Регулаторот вели дека е добро што има интерес за изградба на нови фотоволтаични електрани кои не користат фиксна субвенција, а очигледно нема да користат ниту финансиска премија, туку решиле својата струја да ја продаваат на слободниот пазар.

„Верувам дека е тоа добра увертира и за скорешниот тендер за фотоволтаични електрани и очекувам да нема големи буџетски трошоци за компаниите што ќе го добијат правото да градат фотоволтаични електрани…“, рече Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...