Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера на седницата за законот за Јавно обвинителство предложи за денеска одржување на лидерска средба на која, како што рече, ќе се потврди желбата на сите партии за одржување на изборите на 12 април. Тој претходно ја одложи седницата оти се пријавиле повеќе од 30 говорници и поради тоа што пратениците цел ден му се жалеле дека биле преморени од чекање.

Џафери синоќа во 22 часот ја почна седницата на која треба да се расправа за предлог законите за Јавно обвинителство и за Советот на јавни обвинители и по кратко време ја прекина и ја презакажа за денеска во 11 часот.

Собранието денеска во рамки на 135. седница треба да расправа по законите, кои веќе поминаа во Комисијата за европски прашања и во матичната Законодавно-правна комисија.

Двотретинско мнозинство е потребно за законот за ЈО, кој не е официјален  услов за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ, но сепак од високите европски претставници се споменува како позитивен сигнал кој би можел да го придвижи процесот.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...