По денешната средба со германската канцеларка Ангела Меркел, албанскиот премиер Еди Рама рече дека е многу охрабрен од нејзините позитивни оценки кон Албанија. Пред средбата со Меркел, Рама се сретна и со претставници на Комисијата за европски прашања на Бундестагот со главен фокус врз очекувањето на датум за почнување преговори со ЕУ. Германската влада претходно изрази подготвеност да ги започне преговорите не само за Албанија, туку и со Македонија, но одлуката мора да ја потврди Бундестагот. Конечната одлука ќе биде донесена кон средината на октомври на самитот на лидерите на ЕУ.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...