Премиерот на Албанија, Еди Рама се сретна со 61 кандидати за градоначалници кои ќе се натпреваруваат на изборите на 30 јуни. Рама на средбата рече дека нема да замине од власта и покрај протестите и барањата на опозицијата. Рама го обвини Баша дека на власт сака да дојде преку насилство, а не со гласови. „Љуљзим Баша го замислува незамисливото, преземање на власта претворајќи ја Демократската партија во вулгарна и агресивна, а Албанија е земја членка на НАТО и има статус на земја кандидат за членство во ЕУ“, изјави Рама.

Им велам на сите тие дека од страв дека утепаните ќе ја утепаат Албанија како што го направија тоа претходно. Велат, нека замине Рама за да се смират и желните за власт. Не, така не се смируваат желните за власт. Но почнува падот во калта без држава, без правда, без правила, од каде почна нашиот пат за преродба на Албанија за на ова земја да и дадеме форма на држава и да го изнесеме на долг пат, со нагорнини и тешкотии. Јас живеам и се борам секој ден со уверувањето дека власта не е можност за да се граба, туку привилегија за да се служи“-изјави Еди Рама, премиер на Албанија.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...