Членовите на фудбалскиот клуб Шкупи од денеска се во Шкотска, каде утре треба да играат против Глазгов Ренџерс. Станува збор за прв натпревар во квалификациите за Лигата Европа. Тренерот Зекирија Рамадани и напаѓачот Баже Иљоски се оптимисти и се согласуваат дека притисокот е врз шкотскиот тим. Вториот претставник на Македонија во Лигата Европа, Работнички ќе игра против Хонвед, додека Вардар ќе игра на гости во Ереван против екипата на Пјуник.

„Ова екипа игра многу поинаку. Фудбалерите ќе видат кој ни е противник, како тој игра и кои и се слабите и силните точки на екипата. Таму ќе ги видиме и заедно ќе одлучиме… Сите ние сме оптимисти дека ќе го дадеме најдоброто, а на крај ќе видиме кој ќе биде резултатот“, изјави Зекирија Рамадани, тренер на ФК Шкупи.

Shpërndaj me