Опозицијата бара претседателот на Собранието, Талат Џафери, да свика итна седница за разрешување на Катица Јанева. Според ВМРО-ДПМНЕ, доколку седницата не се свика пред 14 септември, постапката се блокира, па според нив, на тој начин Јанева ќе се спаси од разрешување и од кривично гонење за случајот „Рекет “. Но, Џафери вели дека ќе ја свика седницата во наредните два дена.

15-тти нема да се чека. Утре или в сабота. Нема да оставам до последниот ден зашто тоа нема ниту логика, ниту потреба- рече Талат Џафери, претседател на Собранието.

Џафери додава дека седницата не е досега закажана поради тоа што се очекувал консензус од партиите како што се предвидува со Законот за СЈО.

Седницата зависи и од Законот за СЈО, да ја свикам седницата имам обврска да добијам писмена согласност од четирите најголеми политички субјекти во Собранието, за разрешување на специјалниот обвинител. А, поради тоа што специјалната обвинителка, според разрешувањето, според законот, може да поднесе тужба до надлежниот суд за да го оспори решението за разрешување и во формална смисла, ако недостасува согласност од еден субјект, тоа дава сила одлуката за разрешување да се поништи со судска одлука- рече Талат Џафери, претседател на Собранието.

Член 19 од законот за СЈО предвидува дека неговиот прв човек, во случајов Јанева, по решението за разрешување, може да поднесе тужба до граѓанскиот суд. Ако тужбата е приуфатена, таа би требало да се врати на работното место врз основа на судската одлука. Предлогот за нејзино разрешување се појави по сомнежите за непрофесионално, незаконско и несовесно работење. Советот на јавни обвинители побара од Собранието Јанева да биде разрешена, додека парламентарната комисија за избори и именувања едногласно го верификуваше ваквото барање. Откако Јанева би била разрешена со двотретинско мнозинство си Бадантерово гласање, Советот на обвинителите мора да го констатира разрешувањето, одлука која се очекува да ù претходи и на одземање на мандатот на Јанева.

Адријан Керими

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...