Од Пакистан, преку Грција и Македонија до подобар живот во Германија. Фотографот на порталот сакамдакажам.мк вчера забележал група момчиња кои нелегано ја поминале границата со Грција и со рани на нозете чекореле по пругата кај Велес. Во разговор со нив, на репортерот му кажале дека не се плашат од полицијата и оти ќе сторат сѐ што треба за да стигнат до нивната крајна цел – Германија. Нагласиле дека немаат намера да останат кај нас, а својот живот не сакале да го продолжат ниту во Грција.

Од МВР за сакамдакажам.мк рекле дека овие луѓе се приведуваат на македонска територија, и оти од јануари до јуни годинава се спречени повеќе од 10.000 обиди за нелегален премин на нашата граница. Мигрантите најчесто доаѓале од Пакистан, Авганистан, Бангладеш и други држави. Сите овие мигранти се вратени назад во Грција.

Извор: сакамдакажам.мк

 

 

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...