На судското рочиште за случајот „Титаник 3“, каде се обвинети претставниците на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури, како  доказ беше објавен прислушкуваниот разговор на лидерот на ДПА, Мендух Тачи и поранешниот член на ДИК Бедредин Ибрахим. Одбраната на обвинетите реагираше на ова, додавајќи дека ниту еден од протагонистите на телефонскиот разговор не бил повикан како сведок во овој случај и против нив веќе има друг судски процес наречен „Титаник 2“.

„Обвиненијата за Специјалното обвинителство не можат да се засноват на ова прислушување, бидејќи во телефонскиот разговор меѓу Тачи и Ибрахим никаде не се споменуваат обвинетите Алими и Гури, туку само општина Чаир и Струмица“, рече адвокатот Мефаил Арслани.

На денешното рочиште беа презентирани и доказите од уништувањето на записниците на 13 избирачки места во Чаир, за што и се обвинети двајцата функционери на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури. За овој случај, на следното рочиште што ќе се одржи на 17 април се очекува да сведочат 15 сведоци, меѓу кои и Ресмије Бислимовска, чие отсуство доведе до откажување на неколку седници.

Аднан Ќаили

Loading...

Shpërndaj me

Loading...