Во рок од 10 дена 4000 диви свињи треба да бидат застрелани, а околу 18.000 домашни, заклани. Ова се радикалните мекри кои ги презема Владата со цел заштита од африкансkа чума која се појави во Бугарија И Србија, во близина на македонската граница. Целта на мерките е болеста која не се пренесува кај луѓето, да не се појави во земјава затоа што последиците ќе бидат погубни за свињарството.

Според планот, ловците ќе добиваат награда од 1000 денари за секоја застрелана дива свиња, и месото им останува на располагање. Ловните друштва имаат рок од 10 дена да истребат половина од свињите кои биле планирани за отстрел годинава. Ако не успеат, АРМ ќе ја преземе работата. Војскаta ќе стрела и во ловиштата каде нема концесионери. 18.000 свињи кои ќе бидат заклани се одгледуваат без биосигурносни мерки и во селските семејства. И во овој случај месото останува за нив, а ќе добијат и надомест од државата во висина од 3000 денари од заклано животно.

Во случај болеста да се појави во земјава, ќе треба да бидат уништени сите свињи во радиус од 3 километри и многу години потоа за да се врати свињарството на нивото кое е сега.
За опозицијата ваквите мерки не се решение, туку пролонгирање на проблемот. ВМРО ДПМНЕ нуди помош на власта и предлага секоја отстрелана дива свиња над планираното, државата да ја плати по пазарна цена, строга контрола на граничните премини, постојан мониторинг за присуство на вирусот, формирање на санитарни прстени околу поголемите свињарски фарми во земјата и времен прекин на промет со свињи на сточните пазари.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...