Екипата на Работнички утре ќе ја отвори европската сезона во Скопје, каде ќе се сретне со Унгарците од Хонвед кои се фаворити. Фудбалерот од средниот ред и капитен на скопјаните, Остоја Стјепановиќ, смета дека Работнички најверојатно ќе помине во вториот круг од елиминациите во Лигата Европа. Унгарската екипа пристигна денес на пладне.

„Што е до нас ние ќе дадеме максимум на овој натпревар и нема да штедиме ништо и на крај ќе видиме за што ќе биде тоа доволно. Јас верувам дека имаме квалитет и ќе го дадеме максимумот за да добиеме позитивен резултат“, рече Остоја Стјепановиќ- Фудбалер на Работнички.

Shpërndaj me