ПСЖ на убедлив начин ја потврди титулата во француското првенство откако во 33 коло со 7:1 го декласираше директниот конкурент за титулата. По само 24 минути игра беше 4:0 за ПСЖ со двата гола на Целсо и по еден на Кавани и Ди Мариа. Потоа Лопез го постигна единствениот гол за Монако. Во продолжение Ди Мариа го постигна вториот гол, потоа Фалкао автогол за на крајот победата да ја запечати Драксел.

Со ова победа ПСЖ ја потврди титулата пет кола пред крајот на сезоната. Во Англија, по неочекуваниот пораз на Манчестер Јунајтед од Вест Бромвич со 1:0, шампионската титула оди во рацете на „Граѓаните“. Сините имаат 16 недостижни бода повеќе од Јунајтед на пет кола пред крајот на првенството во Премиер Лигата.

Loading...

Shpërndaj me