Во наредната недела американскиот Претставнички дом започнува нова, јавна фаза во истрагата за импичмент на претседателот Доналд Трамп. Најавени се две сослушувања на тројца сведоци од Стејт департментот, кои претходно сведочеа зад затворена врата. На 13 ноември треба да сведочат в.д. амбасадорот во Украина Вилијам Тејлор и заменик помошникот државен секретар Џорџ Кент.

Два дена подоцна, истиот Комитет за разузнавање ќе ја сослуша поранешната американска амбасадорка во Украина, Мари Јованович. Јавните расправи „ќе бидат можност американскиот народ да ги оцени сведоците сами“, рече претседателот на Комитетот за разузнавање, Адам Шиф. Истражителите разгледуваат дали Трамп ја злоупотребил својата функција и побарал странска помош за да го таргетира својот политички ривал Џо Бајден, обвиненија што претседателот ги негира.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...