Група приврзаници на Грчката комунистичка партија денеска се обиде да ја урне статуата на поранешниот американски претседател, Хари Труман, во центарот на Атина, во знак на револт од воздушните напади врз Сирија.

Веста ја пренесе агенцијата Ројтерс додавајќи дека групата демонстранти се судрила со полицијата при што најмалку тројца демонстранти биле повредени.

На протестот имало околу стотина демонстранти, а приведени биле двајца. Според грчките медиуми на протестите учествувале студенти и ученици кои се движеле кон америнакската амбасада.

Слични протеси се случија во саботата во Атина, кога на плоштадот Синтагма  се собраа околу 7.000 лица.

Shpërndaj me