Речиси истовремено со протестот против пресудата за Никола Груевски, во Вевчани група демонстранти се собра пред домот на пратеникот Крсто Мукоски кој во Собранието гласаше за отпочнување на процесот за Уставни измени. Со патриотски песни и со свеќи во рацете насобраните му порачаа на пратеникот да не се менува државното име.

Мукоски ги пречека пред куќата, а потоа со дел од нив влегоа внатре. Демонстрантите беа организирани од партијата „Единствена Македонија“, како дел од кампањата „Македонија блокира“. Во сабота протести се најавени и пред домовите на пратениците Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, кои исто така дадоа поддршка за потребата од уставни измени.

Loading...

Shpërndaj me