Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ бара да не се избира претседател на Собранието, кој не се откажал од, како што велат, Тиранската платформа. Ова ново барање беше испратено денеска од Охрид од протестот кој се одржа со бродови и кајчиња по езерото. Од иницијативата велат дека ќе ги интензивираат активностите во следните денови.

„Бараме откажување од тиранската платформа од сите политички чинители во земјата. Имаме и ултимативно барање да не се бира претседател на Собранието кој не се откажал од Тиранската платформа. Бараме формирање на Македонска платформа тука во Македонија. Ние сме против двојазична и бинационална држава, а сме за мултиетничка и заедничка Македонија.” – изјави Богдан Илиески, Иницијатива “За заедничка Македонија”

„Продолжува стражата.Македонскиот народ си ја чува државата. Остануваме на нашите барања до крај“. – изјави Борис Дамоски, “За заедничка Македонија”

Loading...

Shpërndaj me