Активистите на Иницијативата „Да ја спасиме Попова шапка“ го блокираа патот што води кон ова туристичко место во знак на револт поради игнорантскиот однос на надлежните. Иницијативата бара на ЕЛЕМ да и се одземат надлежностите со центарот и Шапка да се даде под концесија.

„Владата веднаш да ја разгледа можноста за концесија на Попова шапка, изградба на жичарата Тетово – Попова шапка, со сите неопходни инфраструктурни елементи, паркинг и соодветни простори за посетителите. Меѓу нашите клучни барања, е на компанијата ЕЛЕМ да и се одземат надлежностите за управување со туристичкиот центар Попова шапка”, рече Хамди Сулејмани, Иницијатива Да ја спасиме Попова Шапка.

Запоставувањето на Шапка ги погаѓа скијачите и школите за скијање.

” Многу години бев во македонската репрезентација, ја претставував во Словенија, Италија, но моментално нема клубови за скијање – тоа е голема катастрофа”, рече Вилдан Гафури, професионална скијачка.

„Ова е добра иницијатива и верувам дека тие што треба да не слушнат ќе не слушнат. Верувајте, ниту една електрична сијалица не променета, горе ништо не се прави”, вели Ариф Зибери, активист.

„Нема да кажам злоупотреба, ама има незаинтересираност не само на сегашната влада, но и на претходните. Не само што не инвестирале туку и го спречиле развојот на Попова Шапка”, реагира еден демонстрант.

Во моментот се користат само 8% од туристичките капацитети на Попова Шапка. Од вкупно 110 километри скијачки патеки што ги нуди овој центар, се користат само 12 километри.

Башким Сулејмани

Loading...

Shpërndaj me