Позната навивачка песна, адаптирана со говор на омраза се скандираше на централниот плоштад во Скопје вчера за време на прославата на европската титула на ракометниот клуб „Вардар“.  Извори од Обвинителството за Алсат М велат дека се следат сите случувања и објави и секаде каде што ќе се утврдат елементи за сторено кривично дело ќе се постапува. Од Хелсиншкиот комитет за човекови права повикаа институциите да го санкционираат ширењето на омраза и поттикнувањето насилство.

Хелсиншки комитет за човекови права:

До Хелсиншкиот комитет за човекови права пристигнаа голем број пријави за регистриран говор на омраза од страна на навивачките групи на градскиот плоштад и на социјалните медиуми. Сите пријави се уредно регистрирани од страна на Комитетот, по што ќе следи соодветна реакција до надлежните институции.“

https://youtu.be/6SSM6TTFnxk

А, вчеравечер постапувала и полицијата. Уапсен е 36 – годишно лице поради нарушување на јавниот ред и мир пред Собранието. Седумнаесет годишна девојка добила изгореници на нозете од петарди. Оштетени се две возила од кои едно на МВР, а уапсени се и малолетници.

Министерство за внатрешни работи:

За време на прославата пријавено е дека е оштетено патничко моторно возило на булеварот „Гоце Делчев“. Возилото го оштетиле повеќе лица кои фрлале кон него со бекатон плочки. Притоа со телесна повреда на левата рака се здобил Ф.М. (18 години). Во врска со настанот од страна на Единицата „Алфа“ биле приведени пет малолетници на возраст од 14 до 17 години, сите од Скопје.“

Славењето продолжува и денеска. За враќањето на ракометарите попладневo Град Скопје плати чартер лет од 39 илјади евра. Дочекот на плоштадот ќе чини 32 илјади евра, а ракоментарите за постигнатиот успех ќе бидат наградени со 100 илјади евра од градската каса.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...