Агенцијата за храна и ветеринарство пронајде два увезени производи со генетски модифицирани организми. Едниот е семенски материјал кој бил користен за производство на ориз во Кочани, додека другиот производ се шницли од соја од Виталиа, увезени од Србија. Директорот на Агенцијата, Зоран Атанасов, информираше дека производите се под надзор и се очекува да бидат уништени, додека операторите и раководителите на компанијата се казнети.

По наводите на Агенцијата, реагираа од компанијата “Виталиа”, објаснувајќи дека нивните производи се произведени во согласност со европските стандарди и прописи за квалитет. Понатаму се вели дека е во тек е супер-анализа која ќе утврди дали има пропусти од македонскиот правилник која е во процес на усогласување со европскиот.

Мелихате Рустеми

Loading...

Shpërndaj me