Еден од најпопуларните писатели од 19 век, Семјуел Клеменс, кого го знаеме како Марк Твен, бил познат по тоа што многу често им раскажувал приказни на своите ќерки пред заспивање.

Но, една од нив ја запишал на хартија и таа конечно ќе ја види светлината на денот кон крајот на оваа година.

Приказната е напишана далечната 1879 година и е единствената од многуте што ги измислувал да ги заспие и забавува своите ќерки, а која ја запишал.

Записите со ракописот на Твен неколку години подоцна ги открил неговиот ученик Џон Бирд.

Оваа приказна е помалку реалистична од остананатите романи на Твен, особено во споредба со најчитаните дела „Авантурите на Том Соер“ и „Авантурите на Хаклбери Фин“. Авторот во нив вклучил многу нереалистични моменти, магии и создал ликови во кои ќе се заљуби секое мало дете. Главните ликови во книгата јадат волшебни цвеќиња, а потоа добиваат волшебна моќ да разговараат со животни.

Книгата со приказната која има само 16 страници ќе биде дополнета со илустрации направени од Ерин Стед, пишува Хафингтон пост.

А ако за книгата судиме по корицата, тогаш со голема возбуда ќе го чекаме септември, кога од печат ќе излезе ова мало, досега непознато дело на Марк Твен.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...