Трошoците  и долговите на општините и натаму тајна за граѓаните. Најголемите должници за кои секоја година државата дава дополнителни пари за раздолжување на долгови не влегоа во веб алатката „Отворени Финанси”. Граѓаните од денес преку оваа веб алатка ќе имаат увид во сите сите плаќања на државните институции и примателите на средства

„Јас разговарав пред презентацијата дали смееме ова да го кажеме со претседателот на ЗЕЛС,што е градоначалник на Скопје, ни вети а верувам и со министрката за финансии ќе имаат работни состаноци овие денови. Затоа што се работи за законска обврска но не е доволен занокот треба да има и волја која што ќе биде потврдена од советот на општините. ЗЕЛС иницира навистина час поскоро општините да се приклучат во платформата“, рече премиерот Заев.

Во мометов на веб алатката може да се пребарува низ 12,6 милион трансакции од трезорската смета од 2010 до денеска. Низ базата ќе можат да се најдат детални сметки за сите трошоци на министерствата, судовите, обвинителствата и други државни институции.

„Тука има денеска претставници на медиумите кои што паметат како пред неколку години прашуваа колкав е јавниот долг и не добиваа одговор. Сега ова е тромесечен податок што редовно се објавува на министрство за финансии. Оваа влада и министрство за финансии покажаа дека не кријат и немаат што да кријат“, рече министерката Ангеловска.

Според ВМРО- ДПМЕ новата платформа „Отворени финансии“ е квази проект. Ако власта сака да се фали со транспарентност , прво треба да каже за што потрошени 700 милиони евра, колку што е и зголемен јавниот долг на земјава.

Андреа Чобанова

Loading...

Shpërndaj me

Loading...