Денеска на граничниот премин „Богородица“ беше поставено новото име на државава – Република Северна Македонија. Како што најави директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, во текот на денот ќе бидат сменети натписите и на другите гранични премини во земјава.

Процесот на промена на натишсите започна откако со објавување на уставните амандмани и Уставниот закон во „Службен весник“, синоќа (12.2) во сила влезе „Конечната Спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за Безбедност на ОН, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните“.

Во рок од 2 месеци треба да се променат сообраќајните знаци на меѓународните патни правци во земјата, давајќи им предност на ендонимите (во англиска транскрипција) врз егзонимите (на македонски јазик во кирилско писмо).

Loading...

Shpërndaj me